Moschino колекцијата за одмор не враќа во времето на кусите панталони и опремата за сурфање на Marcus Schenkenberg од 1989 година. Во време на постојните делумни ограничувања за патувања и забави, Jeremy Scott се сеќава на едно поинакво време кое најдобро го отсликува преку почетоците на германскиот супермодел на плажата Венеција.
На видео преставувањето од Лос Анџелес, дизајнерот многу размислува за слободата на духот и животот тогаш и сега.
Scott појаснува: сурфав на Хаваи неколку пати, но не сум сурфер во никој случај“, насочувајќи го вниманието на гледачите кон вештачките тропски позадини на сликите од неговата колекција. Новата гардероба за сурфери на Moschino, која во никој случај не повикува на бранови, тие само го демонстрираат ерзацискиот ескапизам што стана реалност во свет каде повеќето од нас сè уште не можат да патуваат. „Тоа е суштината на она како повеќето луѓе сега патуваат на одмор: фантазија и слики на екранот“, вели тој.
Во предлогот на Scott за летово има и цветни кратки костуми, безвременски кошули со отпечаток од хибискус и комбо, потоа комбинации од јакна и кратки панталони, како и насмеани лица кои нудат лесен и лежерен пристап кон едно оптимистичко облекување.
Постои и кожа на реверите, за која Scott сугерира дека може да биде пост-пандемиска алтернатива на канцеларискиот костум.
Материјалите го даваат тонот на некои прилично смели предлози за подигнување на нашиот моден дух./М.М.