Кога во рамките на Њујорк Модната недела Jeremy Scott ја претстави Moschino женската пролетно/летна колекција 22, највпечатливи беа малите костуми со блескави леери врз 70-тите. Но и тогаш многумина запрашаа зошто дезените се со слики на слонови, жирафи и графити во сатен и твид…
Истите прашања, околу изборот на принтот и неонските бои, сега се однесуваат и на машката колекција на Moschino за пролет/лето 2022, која е веќе на нивната електронска продавница.
Имено, Moschino на мажите им предлага наредната пролет и лето да ги пречекаат во комплети со принт со сонце и во неонски бои. Стреч габарденот е во повторен бебе дезен (со слики од сонца, месечини, животни…) но воглавно на темна основа. Составот е 97 проценти памук и три проценти еластин што, според брендот, треба да овозможи дополнителна удобност./М.М. https://www.moschino.com/us_en/moschino/moods/ss22-collection/sun-print-neon-colours.html?p=2
More in:Мода
Кинеските дизајнери блеснаа на London Fashion Week
На тековната Модна недела Лондон (London Fashion Week) видно место завзеде настапот на кинеските дизајнери. ...
Hannibal Laguna – бранител на убавината и на класичната елеганција
Hannibal Laguna, истакната фигура на шпанската модна сцена, со Sunflourish продолжува да ја редефинира елеганцијата ...
Balmain есенва – традиција и модернизам
Колекцијата есен/зима 2024-2025 на Balmain представува енергична мешавина на класична елеганција и на современа мода, ...
Chloé, зима 24: класични елементи во современ дизајн
Chemena Kamali, новата креативна директорка на брендот Chloé, колекциите ги претставува со тематски рекламни кампањи. ...