Брендот AngieM ја промовира својата најнова колекција, насловена како  ‘Miss Warm’. Тренди линијата има има за цел да ве стопли и да направи да се чувствувате пријатно во својата кожа, а веднаш потоа и да ви помогне да го заокружите вашиот извонреден стил, со потпис на брендот зад кој е Ангела Младеноска.

-Модерни дизајни, интересни плетки, елегантни кроеви и зимски нијанси се само еден дел од најновата зимска колекција. Студените месеци со себе носат различни начини на облекување, а во фокусот секако е надворешниот аутфит. Затоа внимателно се посветивме за и овој пат да лансираме колекција во која ќе доминирате во претстојните зимски денови.

Новата зимска колекција има низа на уникатни рачно изработени џемпери, боди, фустани и комбинизони во тоновите на земјата. Неверојатно се комфорни, топли и неспоредливи. Го искористивме најдоброто од врвните класични стилови, додавајќи им свој печат и детал за да креираме нешто што ќе биде приказ на синергија на веќе омилените најнови дизајнерски трендови– вели Ангела Младеноска преставувајќи ја колекцијата.

Колекцијата ‘Miss Warm’ на AngieM преставува тесни, припиени боди, комбинезони, фустани, миди здолништа, со дебели плетенени џемпери. Овие зимски парчиња може да се носат не само оваа сезона, туку и во наредниот период. Инаку, колекцијата е создадена во ограничени количества.

-Како и секогаш, огромна благодарност до дизајнерот Занов за неговата професионалсност и посветеност, а воедно голема благодарност и до тимот за нивната рачна плетка на сите уникатни џемпери.

За реализација на новата зимска колекција Ангела Младеноска се заблагодари и до останатите членови за вложениот труд: фотографија – Ani & Dimi, шминка и фризура – Social Hair Sаlon и модната агенција – Models In Management– велат од брендот./M.M.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.