Miss Dior Eau de Parfum е најновиот парфем на куќата Dior што ќе биде промовиран и пуштен во продажба на први септември. Од брендот велат дека носи љубов и надеж.
Актерката Natalie Portman е повторно избрана за амбасадор на оваа линија парфеми: беше заштитно лице на Miss Dior Chérie, во 2011 година, ќе ја претставува и најновата Miss Dior Eau de Parfum, која својот пат го започнува на први септември.
Miss Dior парфемот од своето создавање во 1947 година има бројни реинкарнации – последната е во 2017 година . За Miss Dior Eau de Parfum што доаѓа на први септември од брендот велат дека носи љубов, оптимизам…/М.М.