Австралиската манекенка и поранешен ангел на Victoria’s Secret, Miranda Kerr, позира за кампањата на Capucines чантите на Louis Vuitton за 2022 година.
На фотографите и во модниот филм таа е во неутрална облека покрај олдтајмлер, како и на тениското игралиште, со Louis Vuitton Capucines чантите – во повеќе бои, со различни акценти и текстури. Рачката, инспирирана од техниката на стакларите од Murano, додава стаклен ефект.
Во соопштението од модната куќа се вели дека модната икона Miranda Kerr ја претставува Capucines чантата со напомена дека оваа сезона чантата добива нови детали, вклучувајќи ја рачката со ефект на дувано стакло, нов синџир, како и нови бои и материјали. Capucines ја симболизира квинтесенцијата на Louis Vuitton, потрагата по извонредност, креативност и секако – врвната изработка на модната куќа./М.М.