Според порталот Today „познатите сребрени лисици Jeff Goldblum и Kyle MacLachlan го украдоа вниманието на модната ревија на Prada на Модната недела во Милано.
Двајцата актери се појавија на пистата како изненадување на Prada во колекцијата на машка облека.
Kyle MacLachlan го отвори шоуто, а Jeff Goldblum раководеже и ја затвори ревијата. Ѕвездата на „Паркот Јура“ излезе од футуристички, неонски тунел во исто така футуристички капут со крзно по рабовите.
Инаку, во зимското издание на Milano Fashion Week за мажи ( Milano Moda Uomo), беа претставени новитетите во prêt-à-porter и машките додатоци за сезоната есен/зима 2022/ 2023 .
Свое учество обезбедија водечките брендови во италијанската мода, како: Giorgio Armani, Tod’s, Ermenegildo Zegna, Dolce & Gabbana, Fendi, Kiton и многу други . По паузата заради состојбата со COVID-19, годинешното издание е повторно во неговиот физички формат./М.М.