Модни додатоциТрендови

MIKO – приказна за хрватски урбан етно fashion бренд

Miko

MIKO е релативно нов хрватски моден бренд. MIKO е урбан етно fashion. Но, и многу повеќе.

Во срцето на Славонија, во Винковци, многу идеи оживуваат и се создаваат нови креативни колекции, секогаш со малку поинаков, имагинативен дизајн. Тоа е домот на MIKO.

Miko

Пред три години создадениот Miko Fashion, денес е успешен хрватски бренд зад кој се семејството Šimunić, односно мајка и ќерка – учителката Мирела и нејзината ќерка Матеа, академска кипарка и сега дизајнер на брендот. Всушност идејата и автор на мотивот, е уметникот Miljen Šimunić  (1964-2006), кој создал циклус на дела преку портретите на славонците – Šokica и Šokaca. Тие се олицетворение на долгата и богата традиција и луѓето во Славонија. Следејќи ги идеите на основачот, производите на MIKO брендот се спој на традицијата и на современоста.

https://mikofashion.hr/

Идеите за колекциите чанти и торби, како што велат од MIKO, ги добиваат од животот, од малите нешта. Така и најновата колекција Colors почнува со набавка на материјали во повеќе пастелни бои, што многу им се допаднале, на кои потоа им се додадени дрвени рачки, за да се добие контраст меѓу боите и материјалот, како и препознатливиот мотив – портрет на славонците кои се и лого на брендот.

Така, на Славонија, која се празни и бледнее, MIKO и ги враќа боите. Брендот како да им дава нови мотиви и на луѓето од овој регион. Во процесот на создавањето секој производ поминува низ вредните раце на луѓето од Славонија, а тие внимателно го следат развојот./M.M.

Miko

You may also like

Comments are closed.