Денес е објавен кодексот на облекувањето на Met Gala за 2023 година и дефинирана изложбата на Институтот за костими.- Легендарниот дизајнер Karl Lagerfeld и неговото наследство во светот на модата се темата на наредниот хуманитарен настан Met Gala, што традиционално се одржува во првиот понеделник на мај.

По овој повод , во Metropolitan Museum of Art’s Costume Institute ќе биде организирана изложба насловена како Karl Lagerfeld: линија на убавина, (Karl Lagerfeld: A Line of Beauty) со 150 негови оригинални изгледи од времето во Balmain, Patou, Chloé, Fendi и Chanel, заедно со нивните оригинални скици.


Изложбата ќе се одржува од петти мај до 16 јули, во галериите на Met’s Tisch. Дизајнерите со кои Lagerfeld има соработувано истакнуваат дека тој скицирал се, велејќи дека може да црта пред да зборува или да работи. На многу начини скицирањето било и негова примарна форма на комуникација, без оглед дали скиците ги доставувал по факс или мобилен.
Во срцето на изложбата ќе биде еволуцијата на дводимензионалните цртежи на Karl, во тродимензионална облека… Ќе биде интересно да се види како креативните директори, дизајнери, уметници и познати личности ќе се надоврзуваат и вградуваат во наследството на Lagerfeld, преку нивниот изглед на мајскиот Met Gala.
Главен спонзор на изложбата е Chanel, поддржан од Fendi, Condé Nast , како и модната куќа на Lagerfeld./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.