Од MeliBio велат дека нивниот производ не се разликува по вкус и текстура од обичниот мед.
MeliBio, стартапот кој произведува мед без пчели, објави дека нивниот револуционерен производ до септември ќе биде достапен во BAIA ресторанот, во Сан Франциско. Гостите на BAIA можат да го нарачаат медот во две ексклузивни летни јадења.
Рестораните и компаниите од целиот свет ја изразија својата потреба за вкусен и хранлив мед кој се произведува одржливо, вели Дарко Мандиќ, ко-основач и извршен директор на MeliBio, за vegeconomist.
Joshua Yap, извршниот готвач на BAIA посочува: Сакам да користам мед но, за жал, многу готвачи во веганската кујна се борат со стандардните индустриски алтернативи, како што е агавата, на кои им недостасува посебниот вкус и нутриционистички профил на медот. MeliBio е токму она што јас и другите готвачи го баравме.
Од компанијата истакнуваат дека сакаат до крајот на годинава да го лансираат својот мед првенствено во Калифорнија и во Њујорк. Наместо на малопродажба, компанијата е фокусирана на градење на својот бренд преку стратешки партнерства со водечки прехранбени компании и кулинарски инфлуенсери и открива дека работи на неколку производи што ќе бидат лансирани во 2023 година.
Одржливиот мед без пчели на MeliBio е направен во Беркли, од научникот Aaron Schaller и директорот на индустријата за мед Дарко Мандиќ. MeliBio е претставен пред една година, откако „слепиот„ тест за вкус на лидерите во индустријата за мед објави дека медот не се разликува од традиционален мед, а не ги повредува пчелите и не претставува закана за биолошката разновидност за светските култури. Меѓународни компании со нетрпение го чекаат веганскиот мед за да го вклучат во нивните менија и производи./М.М.