Maybach влегува во индустријата за парфеми, проширувајќи го своето присуство на луксузен бренд надвор од индустријата на автомобили. Брендот, познат по својот врвен квалитет и внимание на деталите, создаде мириси кои ги отелотворуваат истите квалитети како нивните луксузни возила.
Во светот на луксузните мириси Maybach влезе со лансирање на Haute Parfumerie – прва колекција со шест унисекс мириси кои ги отелотворуваат основните вредности на брендот за елеганција, ексклузивност и страст.
Развиена во соработка со INCC Parfums и познатиот Maitre Parfumeur Anne Flipo, оваа колекција го одразува вниманието на деталите и потрагата по совршенство што ги карактеризира возилата на Mercedes-Maybach.
Секој мирис во колекцијата е направен од висококвалитетни состојки, внимателно истражени и избрани за да се создаде вистинско сетилно искуство. Освен нивната мирисна привлечност, овие мириси претставуваат визија за убавина и софистицираност, односно навестување на луксузната изработка по која е позната Мајбах.
Дизајнот на шишето е подеднакво забележлив, како одраз на елементите со потпис на брендот. Полираните алуминиумски страни се со врежано лого на Maybach и името на мирисот, евоцирајќи ги деталите од хром што се гледаат на автомобилите на Mercedes-Maybach. Шишето е дополнително украсено со дезенот на Maybach а целото пакување е поставено на дрвена подлога.
Парфемите на Maybach се достапни на нивната официјална веб-страница и кај овластените парфимерии./М.М.
More in:Убавина вести
Полноќниот мирис на Victoria’s Secret
Candice Swanepoel и Paloma Elsseser го претставија новиот Bombshell Midnight мирис на Victoria’s Secret. Victoria’s ...
Парфемите на Bottega – уметноста на сензуалниот сексепил
Кога се спомнува италијанската модна куќа Bottega Veneta, првата асоцијација е кожата – без разлика ...
Легендарниот Lionel Messi во светот на парфемите
Аргентинската фудбалска ѕвезда Lionel Messi се подготвува за нов предизвик, овој пат влегувајќи во парфемската ...
Margot Robbie – ново лице на Chanel N°5
Margot Robbie, позната по улогата во филмот „Barbie“, е ново заштитно лице на парфемот Chanel ...