Новите нијанси на fmg Magix Tint Radiant на Avon имаат за цел полесен и посоодветен избор на најдобрата нијанса на навлажнувачот и подобрувач на тенот, наменет за секојдневна употреба.
Нијансира, изедначува и навлажнува, едновремено давајќи и на кожата деликатен финиш и природен сјај. Со збогатен состав: овошје од пасија, семе од чиа и масло од сончоглед, за дополнителни антиоксидантни придобивки, како и витамините Е и Б5, кои помагаат во одржување на влажноста на кожата.
Ги измазнува и покрива малите несовршености, за тен подготвен за фотографирање.
Создаден е со веганска формула, без парабени и cruelty-free.
Се аплицира на чиста кожа. Пред нанесувањето, оставете доволно време за правилно апсорбирање на дневните серуми или навлажнувачи. Нанесете мали точки директно на лицето и измешајте со врвовите на прстите, четка или сунѓер./М.М.