Својата најнова фламенго модна колекција, насловена како Madame Olé, дизјнерката Juane Martín ја претстави на Малага. Инспирирана е од филмот La Femme et le Patin, со Brigitte Bardo, на режисерот Julien Duvivier, а базиран врз истоимената новела на Pierre Louÿs. Приказна е за желба, опсесијата и манипулација, за врска помеѓу богат шпански аристократ и мистериозна жена.
Juane Martín, која се смета за создавач на фламенко coture, со Madam Ole колекцијата предлага различни стилови на фламенко модата, со проѕирни материјали комбинирани со боди. Розовата во комбинација со црна, како и црно-црвените изгледи се доминантни бои во колекцијата.
Ткаенината од која се изработени моделите е еластичен свилен тул кој, освен што ја истакнува фигурата, овозможува есновремено елеганција и удобност. Достапна е и беспрекорна еднобојна опција, со додавање на кристали на јаката и на манжетните. . Двата стила се совршени за вечерна облека, обезбедувајќи карактеристичен фламенко стил.
Лесните, воздушни ткаенини на лунари и бамбулина свилата, во комбинација со одбрани модни додатоци, создаваат високо персонализиран изглед.
Juane Martín, шпанска дизајнерка, со своите креации од ателјето во Кордоба го осовјува и светот на високата мода.. Нејзините фустани се меѓу најбараните во Севиља и Кордоба. Juane Martín е првата дизајнерка од Шпанка која има добиено покана своите креации да ги претстави на Париската недела на висока мода, за сезоната есен-зима 2022-2023 година. Нејзината работа е препознатлива по оригиналниот стил кој комбинира фламенко и андалузиска рачна изработка.