Luigi Bianchi Mantova

Славниот италијански бренд, Luigi Bianchi Mantova, го претстави своето беспрекорно искуство во креирање врвна машката мода, со лансирање на најновата колекција за сезоната пролет – лето 21. Инспирирана од градот Маракеш, колекцијата ја претставува францускиот модел, Adrijen Sahores, инаку амбасадор на модната куќа 

Luigi Bianchi Mantova 

Колекцијата дефинитивно и на прв поглед го нагласува и истакнува градот од кој е инспирирана, и кој е полн со наследство и контрасти. Adrijen позираше во беспрекорно скроени палта и сакоа од различен дизајн и боја и сите асоцираа на ориентални зачини, тонови и мириси, на сето што го носи Маракеш.
Најдобрите материјали беа избрани како дел од соработката со производителите на текстил Biella, кои нудат одржлива и автентична привлечност, во комбинација со посветеноста на брендот за еколошко производство, етика и целокупната естетика.

Luigi Bianchi Mantova

Со асортиман од беспоговорно совршени парчиња, беспрекорно скроени , лесните материјали стануваат блескава ѕвезда на колекцијата. Огромно внимание е посветено на деталите и на квалитетот што, всушност, е и одлика на сите креации на Luigi Bianchi Mantova.

Luigi Bianchi Mantova

Од 1911 година, кога е создаден, па се до денес овој бренд прикажува јасен, современ начин на живот, со упатувања и на рустикално секојдневие и на софистицирана, културна традиција: Брендот создава моќни колекции и иконски облеки кои со одмереност и вкус ја прегледуваат историјата на модата со многу иновативни стилови и уникатни предмети наменети за клиенти кои сакаат да истражуваат стилови и детали./M.M.

Luigi Bianchi Mantova

Luigi Bianchi Mantova

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.