Louis Vuitton годинава ја започнува со промоција на Buci чантата од епи кожа. Легендарните монограмски чанти, по кои брендот со децении реди успеси, овој пат е надополнет со нова опција која може да биде интересна и за најпребирливите поклоници на Louis Vuitton. Buci чантата е целосно изработенa од епи кожа, како една од најиздржливите на пазарот, а Louis Vuitton гарантира дека и со текот на годините ќе остане во добра состојба.
Новата Buci чанта ги има сите карактеристики на модерните чанти со класичен дизајн, поради што е мошне веројатно да биде нов фаворит на модната куќа. Со димензии 24,5 x 15,5 cm, чантата има LV лого и е достапна во четири бои: Dragon Fruit, Gold Miel, Noir и Quartz. Може да се носи на рамо или преку телото. Внатрешноста е прилично комотна, со доволно џебови за организирање на сите содржини. Има и заден џеб за она што секогаш треба да биде при рака. https://eu.louisvuitton.com/eng-e1/products/buci-epi-nvprod3400018v
Аглите се нагласени со мазни кожни панели за да се создаде изглед на куфер./М.М