Италијанскиот дизајнер Lorenzo Serafini во претставувањето на неговата колекција наречена Philosophy, наменета за пролетта 2022 година, зборува за слободата и за нејзиното повторно раѓање.
Колекцијата го одразува тоа расположение. Главниот мотив е цвеќето и него го има насекаде: во фустани, звонести панталони, како и на чизмите. Тие, како и нагласените раменици и ресите на јакните и здолништата од веганска кожа, се во стилот од 70-тите години на минатиот век. Чевлите и сандалите се со платформи, чантите мали и во живи бои.
Lorenzo Serafini е доследен во своите колекции – ги развива идеите што го инспирираат и водат. Се работи за моќта на движењето, желбата да се покаже повеќе кожа. Тоа е преродба – враќање во живот. Сакав тоа да го прославам, нагласува дизајнерот. https://www.philosophyofficial.com/hk_en/spring-summer-22
На пистата, долгиот црвен фустан го поттикна сеќавањето на 90-тите години. Имаше и осврт врз раните 70 –ти, со светликавите панталони во повеќе бои, а за оние кои се во потрага по потписот на Serafini, тој дојде со белиот фустан од тантела на крајот од претставувањето на Philosophy./M.M.