Loewe

Пораката од есенската колекција на Loewe е дека  е време повторно да ја прифатиме забавата и еуфоријата на модата – или барем да можеме да се замислиме во времето кога тоа ќе биде возможно. „Колку што луѓето гледаат со цинизам во луксузната мода, има нешто што ослободува ендорфин – што прави да се чувствувате добро“, вели дизајнерот на модната куќа  Андерсон претставувајќи ја својата есенска колекција.

Loewe

Андерсон  вели и дека инсистира на смели облици во спектарот на чанти и чевли кои се како за чудак кој стреми кон авантуристичен класицизам. „Не го гледам ова како колекција за фантазија. Мислам дека се работи за идеја за проектирање на она што се надеваме дека ќе биде нова реалност“, рече тој.

„Мислам дека модата ќе биде важна во наредниот период, за да ги натера луѓето да добијат доверба да излезат и да се облекуваат повторно. Целата поента на оваа колекција е: Верувај, и ќе се случи.

Loewe

Loewe е модна куќа основана во Мадрид во далечната 1846 година. Како најстара и една од најголемите луксузни модни куќи во светот, специјализирана е за рачно изработени производи од кожа, облека, парфеми и други модни додатоци. Дел од ЛВМХ групацијата и е управувана од лондонскиот дизајнер Џонатан Андерсон./M.M.

Loewe

Loewe

Loewe

Loewe

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.