Раперот Lil Uzi објасни зошто решил да го постави дијамантот вреден 24 милиони долари во центарот на челото. – Дебито на Lil Uzi Vert со розовиот камен ги шокираше обожавателите и корисниците на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции и шеги, вклучувајќи и една што го спореди со Визион на Марвел Комикс, или, дека на раперот треба да му се вметне чип во мозокот во „експериментална хирургија“.
Осврнувајќи се на негативните коментари во врска со неговиот нов моден потфат со скапоцениот камен, тој конечно објасни зошто реши да ја реализира својата бизарна идеја.
Имено, тој првично го купил дијамантот вреден 24 милиони долари од златарот Simon Babaev за прстен, но по некое време, се премислил. Од страв да не го изгуби својот скапоцен камен, тој одлучил дека треба да му биде некаде на лицето.
Значи, 24 милиони долари на прстен е најглупава идеја, затоа што може да се случи да погледнам надолу и прстенот да го нема “, изјави раперот на гостувањето во „ The Fat Joe Show “. Се познавам себе си – се будам на чудни места и во различни сценарија “.
Пред одлуката каде да се стави дијамантот, за постапката се консултирал со златарот, кој потврдил дека потфатот „не бил обичен пирс и дека дека дијамантот на челото е безбеден.
Сега моето лице има сè што некогаш сакав да ставам таму, вели раперот одговорајќи на критиките и потсмевот на социјалните мрежи./M.M.