Легендарниот Levi’s® е повторно на модната сцена. Levi’s® и Valentino се здружија за да ги реинтерпретираат своите различни наследства низ иконските 517 Original фармерки.
Некогаш замислени за во чизни, сега се со нов креативен поглед, но повторно создаваат и носталгија и романтизам – и кај мажите и кај жените.
Соработката на LEVI’S® VINTAGE 517 од 1969 и LEVI’S® RE-EDITION 517, е посебен спој создаден да го прослави новото модно оживување.
Во описот стои дека џинсот на LEVI’S® X VALENTINO винтиџ изданието е со цена од 840 евра, како и дека:
– Има Levi’s® x Valentino печатени детали во внатрешноста;
– Ограничена едиција со нумерирани парчиња;
– Предно закопчување со патент или копчиња;
– 100% памук;
– специјално пакување;
– Made in Italy
Како и сите автентични винтиџ парчиња и Levi’s® има низа карактеристики што ги прави фармерките уникатни. Варијациите во деталите, како што се бојата, големината и закопчувањето, како знаци на карактеристичното минато, сега се направени уште поексклузивни, благодарение на нумерираната етикета и специјалното пакување./M.M.