Diptyque Paris, познат по своите миризливи свеќи и несекојдневни мириси, ја лансираше својата најнова колекција, Les Essences de Diptyque. Црпејќи инспирација од уметноста, историјата и природата, новата колекција прави нов исчекор – настојува да ја долови суштината на природните елементи на кои најчесто им недостасува забележлив мирис, како на коралите, седефот или на водените лилјани.
Колекцијата содржи пет уникатни мириси изработени од мајсторите парфимери: Fabrice Pellegrin, Alexandra Carlin, Nathalie Cetto и Olivier Pescheux. Секој мирис истражува различен природен елемент, како корал, седеф, кора од дрво, воден цвет и „пустинска роза„.
Laurence Semichon, извршен директор на Diptyque Paris, изјави дека колекцијата им овозможува на парфимерите да ја ослободат својата креативност и да замислат како би можеле да мирисаат овие елементи.
Така во колекцијата се најде Lunamaris, на парфимерот Fabrice Pellegrin, мирис кој му дава парфемска обвивка на седефот – прави мек, минерален мирис кој комбинира рок-роза, розе пиперка и темјан. Bois Corsé, од Cetto и Pescheux, мирисот на кората на дрвјата го врзува со ирско кафе, сандалово дрво и тонка. Инспириран од водените лилјани на Claude Monet, Lilyphéa, од Cetto и Pescheux, е воден мирис обложен со ноти на лисја на синоличка, ванила и кардамон. Rose Roche, од Pellegrin, ги претвора сложените кристални формации на пустинските карпи во мирис на роза, додека Corail Oscuro, интерпретација на црвениот корал пронајден во венецијанската лагуна, го спојува апсолутниот розов бурбон со мандарина, надополнет со солен, минерален акорд.
Les Essences de Diptyque мирисите се сместени во проѕирни шишиња со апстрактни илустрации на уметникот Nigel Peake.
Со цена од 330 долари за мирис, Les Essences de Diptyque го означува и влезот на пазарот на луксузни мириси, комбинирајќи ги необичаените состојки со уметничкиот пристап на Diptyque. Новата насока е надополнување на постојната филозофија на брендот за истражување на убавината во неочекуваното./М.М.