На опусот на Les Exclusifs на Chanel штотуку им се приклучи новиот величествен ориентален парфем – Le Lion. Наместо во септември лани, како што беше планирано, лансирањето на Le Lion беше одложено заради сето што се случуваше на светот.

Le Lion е посветен на астролошкиот знак на легендарната Габриел но и на нејзиниот огнен темперамент. Фасцинирана од sвездите, покорена па крената од животот, Коко Шанел најголемата мачка ќе ја вклучи во своите идеи, за трајно да се провлекува во нејзината работа. Лавот може да се најде во нејзиниот стан, но и во нејзините креации: копчињата на облеката од твид, спојниците за чанти, а потоа и на иконата на нејзиниот накит „Haute“. Малку по малку, Габриел ја направи оваа силна и независна мачка свој талисман, изразувајќи ја својата смела, соларна и инстинктивна природа.

За да ја оживее оваа, за креаторката моќна мачка, парфимерот на Шанел, Оливие Полж се погрижи мирисот да ја евоцира Шанел – на заштитна, суверена сила, но и симбол на апсолутна елеганција. За да ја преведе оваа цврстина на карактерот, парфимерот ја извезе композицијата околу лабданумот, како лавот во универзумот на брендот.

Сега е тука, величествено се сместува во срцето на парфемите на Шанел и во многу убавиот спектар на Les Exclusifs. /M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.