Во Lavallière е со ноти на роза и смоква: за YSL тоа е она што обединува во машко&женските мириси.

Lavalliere од Yves Saint Laurent е нов цветно-овошен мирис за жени и мажи. Горните ноти се црна рибизла, смоква и бергамот; средните ноти се здравец, роза и јасмин; а основните ноти ветивер, кашмир и мошус.
Свилениот допир на вкусни, нежни ноти на кремаста смоква и блескава црна рибизла се засилени со блескава роза, потпишувајќи ја оваа композиција со зелена цветна боја. Преземајќи го своето име од жена – војвотката од La Valliere – иако првично инспирирана од машки додатоци, Lavallière по својата природа е родово неутрален парфем.

Францускиот збор „Lavalliere“ е често употребуван и на модните писти на Yves Saint Laurent – од таму уверуваат дека мирисот е совршен допир за секоја облека, во безвременски елегантен стил и дух на YSL.
Новиот мирис е дел од колекцијата Le Vestiaire des Parfums Signature на Yves Saint Laurent Beauté./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.