Lanvin

Lanvin лансира колекција кожни торбички, само за мобилните телефони. Дел се на Swan колекцијата,  создадена од Bruno Sialelli.

Практична и пријатна за носење, безбедна за телефонот, поради двојната постава од кожа, оваа наменска ташничка е структурирана да носи минимум– само телефонот. Достапна е во четири бои и украсена со својот исконски знак: Mother & Daughter.

Lanvin

Со димензии 13 x 17,5 x 3 cm – должина x висина x длабочина – соодветна е за сите видови телефони. Има ремен за рамото што може да се прилагоди со тока. Произведени се во Шпанија.

Lanvin е француска мултинационална куќа за висока мода, основана од Jeanne Lanvin во далечната 1889 година. Тоа е трета најстара француска модна куќа што сè уште работи. Во 1990 година, беше преземена од групацијата Orcofi, а потоа беше продадена на компанијата l’Oréal, во 1996 година. Од 2018 нејзин извршен директор е Jean-Philippe Hecquet./M.M.

Lanvin

Lanvin

You may also like

Comments are closed.