Новата колекција за шминки од Haus Laboratories блеска со потписот на славната пејачка и актерка.
Брендот Lab Laboratories, оваа сезона ја претставува новата колекција на шминка Casa Gaga.
Веганската шминка се истакнува со својот блескав сјај, богати бои и луксузни формули. Колекцијата е за претстојната празнична сезона, па производите се спакувани во златнеста амбалажа.
Во колекцијата се четири нијанси на Tutti Gel-Powder All Over Rouge, кои на лицето му даваат свежина и виталност. Сетот за кармини Tanti Baci Extreme Creme е сет кармини во пет тонови, а за оние кои сакаат повеќе сјај, колекцијата содржи блескави сјаеви за усни со црвен, розов и златен сјај.
Колекцијата вклучува и ајлајнер, четка за компактна пудра или руменило и пудра што рефлектира светлина која и дава на кожата златен сјај. Купувачите на целата колекција Casa Gaga (172 Eur) добиваат елегантен вегански козметички подарок./М.М.