Kenzo

Новата пролетна колекција е достапна од 22 март на KENZO.com и во продавниците на KENZO ширум светот. За секое продадено парче, KENZO ќе донира 10 американски долари кон целта на проектот TX2, што го реализира со цел заштита и обновување на бројот на тигрите во дивина

Во колекцијата за пролетва, насловена како “About nature/for nature”  KENZO продолжува со поддршката за зачувување на тигрите, со лансирање на втора колекција на капсули, со својот амблематски тигар, овој пат во ново графичко претставување.

Kenzo

Составена од  дуксери, маици и блузи – новата колекција е направена од 100% органски памук заверен од Глобалниот стандард за органски текстил (ГОТС). За секое продадено парче, KENZO ќе донира 10 американски долари кон целта TX2. Ова партнерство ќе биде до крајот на 2022 година, амбициозниот временски рок поставен од TX2 за двојно зголемување на бројот тигрите во дивина од нивото во 2010 година.

Тигарот ги симболизира основните принципи на KENZO: моќна енергија, природата како главна инспирација и динамичен дух “Jungle Jap”. За жал, ова фасцинантно животно е загрозено. Од почетокот на 20 век, бројот на тигрите во нивните живеалишта е намален за над 95%, како резултат на ловокрадство и на брзото губење на нивната територија.

KENZO силно настојува да помогне во зачувувањето на овие уникатни животни, кои се и клучен вид што го поткрепува здравјето на екосистемите и на заедниците и дивиот свет, во областите во кои живеат. Во таа насока е и соработката на KENZO со WWF за поддршка на нивната работа за двојно зголемување на бројот на тигри во дивината до 2022 година, годината која во лунарниот календар е година на тигарот. Оваа цел, позната како TX2, е една од најамбициозните цели за некогаш поставена за зачувување на еден загрозен вид.

Оваа соработка е дел од пошироко партнерство помеѓу KENZO и WWF, кое ќе работи на подобрување на одржливоста на нашиот синџир за снабдување со памук и заштита на водите./M.M.

Kenzo

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.