Etro ја претстави својата машка колекција за сезоните есен/зима 2022 година, во рамките на годинешната Миланска Модна недела.
Колекција опфаќа серија впечатливи палта, туники, преголеми блејзери и панталони со доминантни принтови во силни бои. Во неа се преклопуваат различни знаци: северни ѕвезди и сидра, зимски мориња и планини, волци и рози. Сето е визија на авторот – Kean Etro. Ова е ново чувство, во кое и при вежбање е добро да се биде добро облечен, порачува авторот.
Умешноста на Etro –јазикот е присутна и во оваа колекција но на еден поинаков, нов начин. Kean Etro претставува мека, уредна силуета, со полно топли бои, распоредени во монохроматски композиции: од нијанси на сива и кобалт сина, до интензивни тонови на виолетова, темно зелена и портокалова – се до светлите допири на црвената… Графичкото црно-бело функционира како споредна нота. Слоевитата и чиста силуета е збир на архетипски облеки, видени низ објективот на Etro во секое парче – од палтото до кафтанот, од кошулата до џемперот .
Зад брендот е извонредно успешна 2021 година и блескава соработка со италијанската рок-група „ Måneskin “, со која бестрашниот тим на брендот предизвика голема возбуда кај музичкиот, како и на модниот свет. Креативната визија на Etro и стилот на модерната рок-ренесанса, на Måneskin лани им донесоа две победи – на песната на Евровизија и на музичкиот фестивал во Санремо./М.М.