Карираните кошули, според модните куќи, меѓу кои е и Bottege Venetа, ќе бидат повторно во тренд идната пролет.

На модната ревија на Bottega Veneta за пролет/лето 2023, креативниот директор Matthieu Blazy ја покажа својата наклонетост кон кошулите и тоа особено оние сини кариранни, што на пистата ги носи Kate Moss.

Иако Matthieu Blazy креира нецела година за Bottege Venete, успеа да ја освои модната публика со своите импресивни силуети и меки, нежни такенини, во пастелни боји. Kate Moss била и останува модна инспирација дизајнерот и кога е без шминка. Годините што ги покажува лицето, според дизајнерот, не го намалуваат вкупниот впечаток на елеганција подигната на ново, повисоко ниво и кога се носат чизми и карирана кошула.

Matthieu Blazy е француски моден дизајнер кој нецела година е креативен директор на Bottega Veneta. Неговата основна задача, водењето на брендот кон нови креативни и деловни успеси по заминувањето на Daniel Lee, со успех ја реализира, оценка е на групацијата Kering во чија сопственост е Bottege Venetа./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.