Мода вестиМоден мозаик

Justin Bieber е најновиот амбасадор на Balenciaga

Balenciaga

Поп-sвездата Justin Bieber и француската актерка Isabelle Huppert се најновите славни лица кои се појавуваат во кампања на Balenciaga.

Justin позира на американската фотографка Katy Grannan, пред врата од гараж, а облечен во кожен бомбардер, бела маичка, преголеми пантолони и винтиџ патики додека во раката држи класичната торба за мотоцикл. Така почнува модната приказна во која Demna Gvasalia го преставува пејачот за нов амбасадор на бренодoт чија задача ќе биде генерациите од деведесетите и оние по нив, околу 2000 година да ги поврзе со класичниот бренд на Balenciaga.

Justin Bieber

Во кампањата е и Isabelle Huppert, што и не изненадува доколку се има предвид последното појавување на  француската актерка на Канскиот фестивал, токму во фустан на Balenciaga.

Isabelle Huppert

Појавувањето на Justin and Huppert во кампањата на Balenciaga јасно посочува на двете целни групи на кои им се обраќа брендот, дури и тогаш кога тоа се прави со целосно неспоиви личности. Во случајот на Balenciaga, спротивностите привлекуваат – а тоа е и целта.

Во оваа кампања, претпоставената естетика на Justin, е во спротивност на елегантната Huppert, која е симбол на класичните француски кодови на Balenciaga.

На крајот на денот тие сепак ќе бидат облечени во ист бренд – Balenciaga! /M.M.

You may also like

Comments are closed.