К-поп ѕвездата Mi-Yeon го моделира JIMMY CHOO летото 2024 година, истакнувајќи ја колекцијата на чевли Diamond и чантата Cinch.


Колекцијата Лето 2024 на JIMMY CHOO презентира парчиња кои можат да се стилизираат за секоја пригода. Колекцијата содржи сандали подготвени за вечер, дизајнирани со препознатливата потпетица на брендот и Diamond патики, со кристални украси.
Класичниот изглед на колекцијата е надополнет со чизми, со посебно стилизирани додатоци, комплетирани со мали чанти и торби, со меки силуети.

Изработени во кожа и велур, за оваа сезона се „подмладени„ со разиграни нијанси и модерни животински принтови.
Најновата колекција на JIMMY CHOO ја претставува K-Pop ѕвездата Mi-Yeon, членка на (G)I-DLE, која е амбасадор на брендот. Со нејзиното назначување, JIMMY CHOO нескриено ги насочува своите промотивни активности кон одредени пазари./М.М.

You may also like

Comments are closed.