Амбасадорката за накит на Gucci, американска актерка и продуцентка Jessica Chastain, стана и главен лик на најновата рекламна кампања, Gucci 25H.
Во кампањата доминираат ретро визуелните елементи – ги инспирираат и сликите и рекламниот филм:
Со остри линии и интегрирана нараквица и со суптилни детали, како контрастните завршетоци, Gucci 25H претставува пресвртница во 50-годишното патување на Gucci во изработката на часовници.
Со своите аголни линии и спротивставени завршетоци, часовникот Gucci 25H дизајнерските знаци ги наоѓа во архитектурата .
Часовникот е достапен во 40мм модел од челик и дијаманти или монохроматски алуминиум./М.М.