Jeremy Scott за Moschino на миланската модна ревија направи невообичаена колекција насловена како “SPACE, THE FINAL FRONTIER…OR IS IT ?”.

Почетокот на ревијата е своевидна интерпретација на филмот „2001: Вселенска одисеја“ на Stanley Kubrick. Она што потоа можеше да се види е како во приказната од „Ѕвездените патеки“ во која, на далечна планета оживува целиот мебел: слики, пијано, комода, гардероба, ѕидни часовници, рамки за слики, кафези за птици, харфа и лустер. Тоа пак е дел и од приказната „Убавицата и ѕверот“. Jeremy Scott за Moschino го направи сето тоа и го претстави на модната писта.


Особено внимание предизвика псевдо-Шанел костумот, инаку мошне елегантен, дури и со славини за када наместо копчиња. Шанел со славини за када е навистина невообичаена пародија. Токму како и абажур наместо шапка, ѕиден часовник на грбот, или харфа на крајот на фустанот.

Според белешките за ревијата, Scott „го обработувал концептот на добро уреден дом – и она што неговата декорација го означува и сугерира, со елементи од надреалното“.

Сепак, треба да се истакне и дека дизајнерот не е првиот што ги претворил предметите како кваките и приборот за јадење во мотиви и тоа токму chez Moschino. Во 1989 и 1990 година, основачот на куќата, Franco Moschino, продаваше брошеви во облик на вилушки, па дури и ги зачинуваше своите готови колекции со рачки за славини./М.М.

На сајтот на брендот се сите модели од есенско/зимската колекција, како и филмот од модната ревија. https://www.moschino.com/us_en/moschino/worldof/collections.html

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.