По една деценија управување со Moschino, Jeremy Scott ја напушта функцијата на креативен директор на италијанскиот бренд, сопственост на Aeffe. Во изјавата по тој повод Scott вели дека десетте години во Moschino биле прекрасна прослава на креативноста и на имагинацијата.
Толку сум горд на наследството што го оставам зад себе, вели Scott. Би сакал да му се заблагодарам на Massimo Ferretti за честа да ја водам легендарната модна куќа. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите мои фанови ширум светот који ме прославија мене, мојите колекции и мојата визија, бидејќи без вас ништо од ова не би било возможно, заклучува Jeremy Scott.
Својата прва колекција за брендот, основан од Franco Moschino за сезоната есен 2014 година, критиката ја оцени како светла, дрска и генијална прегратка на потрошувачката култура на Scott, во името на Moschino.
Склоноста на Jeremy Scott за мешање на висока и ниска естетика одекна кај многу од најпознатите поп ѕвезди во изминатата деценија. Тие беа и неговите најверни следбеници. Сите, од Lady Gaga до Cardi B и Lizzo, најдоа сроден дух во неговото неговото интерпретирање на културата и модата. Така останува неповторлив костимот на Katy Perry, како буквален лустер (и хамбургер) за да присуствува на Met Gala на тема „Белешки на кампот“./М.М.