Dolce & Gabbana ги ангажира суперѕвездата Jennifer Lopez и британскиот модел David Gandy во претставувањето на новата компанија за очила.
Суперѕвездата Jennifer Lopez доби главна улога во пролетно/летната кампања на очила на Dolce & Gabbana. Пејачката, актерка и продуцентка позира заедно со моделот David Gandy, во фото сесијата направена од Mert & Marcus.
JLo изгледа сензационално во наочарите за сонце и оптичките рамки на врвниот бренд. Облечена е и во црна чипка, повторно со потпис на италијанскиот бренд. Колекцијата на очила го содржи логото на DG на слепоочниците или над веѓите на дизајните на очилата кои оваа пролет се во форма на квадрат, мачка или штит.
Кампањата доаѓа во клучен момент за индустријата за очила, бидејќи глобалното укинување на ограничувањата поради пандемијата значи дека, споредено со лани и во 2020 година, повеќе луѓе ќе одат на летен одмор. Така, веројатно е и дека ќе бидат потребни новите очила за сонце, при што во купувањето можат да бидат пресудни кампањите со вакви познати личности. Gandi е постојано ангажиран во кампањите на Dolce & Gabbana, додека Lopez од минатото лето е постојано во фокусот на јавноста./М.М.