Jean Paul Gaultier е дизајнер со безброј модни трендови создавани во текот на неговото долгогодишно творештво. Тешко е да се запаметат сите. Можеби затоа најновата колекција на висока мода на Olivier Rousteing за француската модна куќа служи како своевиден потсетник за секој од нив.
Olivier Rousteing, пред претставувањето на колекцијата на Gaultier за есен/зима 2022 година во Париз изјави дека модното шоу е отворено љубовно писмо до Jean Paul. Gaultier е мојата инспирација, уште од детството, посочи Rousteing.

Olivier Rousteing ја создаде оваа колекција на повик на Gaultier, како трета итерација на проектот согласно кој модната куќа секоја сезона кани различен дизајнер.


Rousteing го отвори своето шоу со машка облека, инспирирана од колекцијата тетоважи на Gaultier, од 1994 година, која тој ја смета за прослава на различноста, за потоа да се престави женска облека, со варијациии на темите на Gaultier за корсетирање, пренаменет тексас и џемпери на бретонски рибари. Многу од погледите запираа на потпетиците на платформа, инспирирани од лимени конзерви.


Rousteing изјави и дека уживал во работата на атељето на Gaultier.

Страста на дизајнерот за техниките на изработка на Madame Grès, Rousteing ги обработи во неколку изгледи кои вклучуваа пердувести интерпретации на Gaultier, розов фустан со корсет и бел фустан создаден од кожни ленти.

Самиот Gaultier сакаше колекцијата да биде целосно изненадување. Модното шоуто беше отворено со саундтрак на кој самиот Gaultier ги изразуваше своите дизајнерски идеи на различни медиуми низ годините. На крајот на шоуто блескаше од задовоство истакнувајќи дека Rousteing ги зел неговите работи за потоа да ги направи на свој начин – и во дизајнот и во техниката./М.М.


Ревијата може да се проследи на следниот линк:

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.