Секогаш една од најубавите ревии на NYFW – онаа на Jason Wu, не разочара ниту со најновата дамска колекција со вечерни и балски фустани за претстојните есен и зима.
Инспирирана од графички, рачно исцртани модни илустрации од 1950-тите, колекцијата преставува своевиден омаж на американската мода, појаснува Jason Wu во своите белешки за ревијата. Минатата година го направивме најдобриот бизнис во целата историја на нашата компанија. Имајќи предвид дека 2021 година беше „резервирана„ од пандемијата, тие резултати изгледаат неочекувани, дури и контраинтуитивни.
Фенси фустаните, како што самиот ги нарекува, се неговата дизајнерска преокупација: Кому му треба еден таков за во пандемија? “Тоа беше време за отрезнување, во кое жените само сакаа да изгледаат убаво“, истакнува Jason Wu.
Експресивните тонови на високата мода од 1950-тите се во воздухот уште од минатата година. Jason Wu ги направи свои така што ги преобликува во модерни облици. Така големите машни од старите скици се со нов сјај во доработката на силуетите. Сепак, ѕвездите на шоуто беа коктел фустаните без прерамки, кои го испорачаа гламурот на илустрациите од 50-тите./М.М.