Модната куќа Gucci во соопштението до јавноста „ со гордост му честита на својот глобален бренд амбасадор Jannik Sinner за неговата победа во Њујорк, каде што станал прв италијански шампион во сингл за мажи и ја обезбедил својата втора Грен слем титула. Чест ни е што е дел од семејството Gucci, се истакнува во честитката.


Jannik Sinner е трета година глобален амбасадор на модната куќа, а неодамна настапи и во нова кампања која го слави неговото патување во светот на спортот, врската со Gucci и тенисот.
Имено, кампањата потсетува на посебен дел од наследството на Gucci – врската која датира уште од 1970-тите, кога се создадени првите производи инспирирани од тенисот. Сега, прикажувајќи го спортистот на терен, Gucci преку кампањата, ја редефинира врската помеѓу тенисот и своето наследство./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.