Israel Cassol

Израел е познат по тоа што постојано носи здолништа и кошули со надуени ракави. Целта на е-книгата е да се покаже дека непостои пол кога станува збор за модата. „Модата без род е тренд на 21 век. Јас сум речиси на 40 години и никогаш не сум се чувствувал толку сигурен во мојата кожа како сега “.

Israel Cassol

Модниот инфлуенсер Israel Cassol се подготвува да ја лансира својата прва е-книга “Androgyny – The man who wears skirts„. Бразилецот, кој живее во Лондон, наскоро ќе престојува во Сао Паоло за да го промовира својот проект. „Мојата цел е да покажам дека носењето здолниште не ја дефинира мажественоста“.

Israel Cassol

Во својата е-книга, Израел истакнува: Ние сме во 21. век, на луѓето повеќе не им треба овој бизнис на жени со здолништа и мажи во панталони. Секој може што сака да носи без да претрпи предрасуди. Луѓето треба да размислуваат надвор од рамките.

Пред две години Израел беше познат како „The Birkin Boy“, инфлуенсер кој потрошил над 100 илјади фунти на дизајнерските торби на Хермес. ‘Успеав да ја добијам мојата прва торба во Милано. Тоа беше „Биркин 40 Того“ со златна копча, вели Израел Касол, поранешен сопственик на агенција за модели, претворајќи се во сензацијата на Инстаграм, кој сега може да се пофали со најголемата машка колекција Хермес чанти во Велика Британија.

Израел сега престојува во Лондон со сопругот Руперт и нивното сакано куче Тоби./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.