Со цел да се создаде врвна медиумска сцена каде што младите креативци ќе ги изразат и споделат своите идеи и проекти во остварување на амбициозни цели,  создаден е проектот „INFINITO Village International“ (IVInt). Во неа членуваат фирми и професионалци од над 30 земји, кои дејствуваат како индивидуалци или како претставници на национални организации за мода и култура.

Создавач на „INFINITO Village International“ (IVInt), е италијанскиот претприемач капетан Силвано Скавела, кој со својот млад креативен тим, континуирано се занимава со откривање нови стилисти, млади креативни таленти, креативни занаетчии и уметници, на кои им е понудено да ги соберат своите проекти и визии и да им ги понудат на сите заинтересирани.

Креативноста и вклученоста се во центарот на стратегијата за раст на мрежата, како и можноста да се предвидат сценарија и иновативни инвестиции, заедно со совесна употреба на човечките и еколошките ресурси, што овозможува, особено во овој тежок период, обележан со кризата, генерирана од ширење на Ковид-19, да реагира навремено и еластично.

IVInt, е создадена за подобрување и поддршка на новата генерација креативци во момент кога малкумина веруваат во талент. IVInt е референтна точка за појавата на мода во сите нејзини форми што е поддржана и прикажана преку каналите на социјалните медиуми и пошироко. Неодамна, под повик на претседателите на различните Европски национални модни совети, ја основав Националната асоцијација „Италијански моден совет“ (види го приложеното лого) за да ги пречекам италијанските млади стилисти, одлични занаетчии, здруженија и италијански компании кои работат во модниот сектор и со желбата за соработка за промовирање на секторот со меѓународни настани и изложби во ново здружение.

IVInt се предлага себеси како меѓународен извор на информации, раскрсница за споредби и културни размени, исто така, преку меѓународни состаноци и настани, исполнувајќи ја функцијата на поврзувач помеѓу понудата и побарувачката, меѓу компаниите за производство, меѓународните купувачи и експерти од индустријата. IVInt е глобална мрежа која постојано се ажурира со новости од целиот меѓународен моден систем.

IVInt, преку своите интеракции и на социјалните мрежи и со многу меѓународни професионалци во овој сектор, е посветен на поддршка и унапредување на естетските и социјалните трендови на меѓународната мода и дизајн, одржливост во сите нејзини форми, враќање на занаетчиската извонредност, заборавените занаети и етничка работа. IVInt исто така сака да биде информативна референтна точка за националните и меѓународните институции, медиумска поддршка за новите модни компании, во предизвиците на иновациите, технолошкиот развој и интернационализацијата, придонесувајќи за унапредување и стимулирање на курсеви за обука на многу млади таленти и создавање на вештини неопходни за соочување со предизвиците на „Четвртата индустриска револуција“.

Стратешкиот партнер во секторот на глобалните медиуми е „Ryoulive“ (www.ryoulive.com). Штом пандемијата ќе биде помалку вирулентна, благодарение на новите вакцини, ќе започнеме со реализација на проектот “Infinito Village”  Реканати, одлична меѓународна сцена за мода, ракотворби, храна и вино позиционирани во внатрешноста на историскиот центар на градот Реканати.

IVInt, се карактеризира со синергетски модел на соработка што им овозможува на сите придружни членки да имаат корист од информациите и секоја активност што ја планира или спроведува групата, од вештините и ресурсите на другите субјекти со цел да придонесе за зајакнување и забрзување на нивната Бизнис стратегија.

Интересот кон нашата мрежа во последниов квартал пораснаа за 46%, сведочејќи дека има сè повеќе модни дизајнери кои се појавуваат или се воспоставуваат, брендови на меѓународниот моден систем и многу следбеници кои одбираат да ни се приклучат.

 

Capt. Silvano Scavella

Founder & Owner of INFINITO Village International President of Italian Fashion Council/M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.