Byron Lars

Користењето текстура и дезен е секогаш приоритет во мојот дизајн, но никогаш повеќе од сега, кога вистинскиот допир е толку нужно обесхрабрен, па затоа ми беше многу важно секој да може да ја „допира “ оваа облека со своите очи, вели Бајрон Ларс претставувајќи го својот нов проект In Earnest

Бајрон Ларс е насочен кон иднината. Во текот на три-децениската кариера, дизајнерот ги доживеал и  подемите и падовите на индустријата, но сепак верувал во моќта и радоста на модата. Толку многу што решил среде пандемија да започне нов потфат – In Earnest.

Byron Lars

In Earnest е бренд кој се карактеризира со она што е самиот Бајрон како личност, како и со прецизната изработка и опсесивно внимание на деталите. Сето ова всушност е карактеристика на целиот негов творечки опус и направи неговата облека да биде задолжителен избор на познатите личности од А-листата, Natalie Portman, Taylor Swift, Angela Bassett, Elle Fanning, Kim Kardashian, Jill Scott, Vanessa Williams, Gabrielle Union, Regina Kina, Michelle Obama…

Byron Lars

In Earnest  е инспириран од Харлем, особено од африканските улични продавачи и сето што го продаваат. Преовладуваат отпечатоци од восок и боја, спортските елементи некаде имаат допир и со долна облека, а скоро сè е создадено за да биде удобно.

Byron Lars

Станува збор за облека за радост, вели Ларс, и сака да ја види како ја носат во сите комбинации – дури и со тренерки. Се чувствувам како тоа да е навистина начинот на кој можам да го сторам тоа  – да се облечам во радост “.

Ларс инаку почнува  да се интересира за модата уште од 1980 година,кога имал 15 години и посакал широки пантолани, а неговата баба одбила да му помогне. „Ја замолив да ми направи широки панталони и таа не сакаше ни да размислува за тоа“, се присетува Ларс. На крајот, дошол на идеја дека неможе да биде потешко да се направи дезен на панталони отколку архитектонските цртежи што ги правел за на училиште.

Byron Lars

Последната колекција, за пролетва, е афро-викторијанска мешавина во стилот, со невообичаена рамнотежа на сложениот дезен и опуштеноста што ја носи со себе, иако вистинскиот поттик на колекцијата доаѓа од „визуелната тактилност“ на печатените ткаенини, рабовите исечени на ласер и жакардите. Целата може да се проследи на https://runway360.cfda.com/designers/in-earnest-by-byron-earnest-lars/in-earnest-spring-1/#look-15/М.М.

Byron Lars

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.