Приказната за Рамазан IKEA е раскажана низ очите на мало момче. Преку Сами, малото момче кое сака да се пoчувствува вклучен во прославата, филмот на Al-Futtaim IKEA, наречен „Togetherness Assembled“ го прикажува духот на светиот месец и неговото значење за семејниот живот.
Шведскиот продавач на мебел, ја започна својата најнова кампања во соработка со својот креативен и стратешки партнер од агенцијата, GREY Dubai.
Филмот ја нагласува важноста на семејните врски и традиции за време на светиот месец од перспектива на дете.
Шведскиот бренд на мебел IKEA за блиско-источниот пазар реализира нова кампања по повод празникот Рамазан, повикувајќи на создавање заеднички спомени како што се составува мебелот за семејната трпеза.
Кампањата содржи емитување на телевизиски и радио реклами, активности на социјалните мрежи и активации во продавниците на IKEA. /М.М.