Ролетните на прозорците станаа нов простор за рекламирање: IKEA на потрошувачите бесплатно им испраќа ролетни со реклами на брендот на надворешната страна.
IKEA деновивве реализира иновативна рекламна кампања во која се вклучени „sleepfluencers“, личности кои на социјалните мрежи се фокусираат на содржини поврзани со спиењето. Новина е и рекламниот простор – ролетните на прозорците низ Шведска.
Кампањата, според соопштението на брендот има за цел да ја промовира важноста на квалитетниот сон и како производите на IKEA можат да ги подобрат условите за спиење. „Sleepfluencers“ споделија совети и стратегии за подобар сон, нагласувајќи ги понудите на ИКЕА како решенија за проблемите со спиењето.
Ikea ги нарекува клиентите-учесници „sleepfluencers“, а самите реклами прикажуваат производи за спиење на Ikea, како перници, јоргани и душеци.
Ова беше начин да им вратиме на нашите клиенти, а истовремено да стекнеме видливост на нов, иновативен начин, изјави Jonas Westberg, лидер за маркетинг комуникација во Ikea Sweden. Кампањата е забавен и неконвенционален начин да им се помогне на луѓето да спијат добро, а истовремено да го промовираме нашиот асортиман на уште повеќе луѓе.
„Sleepfluencers“ кампањата е реализирана во соработка со креативната агенција Åkestam Holst Noa од Стокхолм./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...