IKEA Preowned новата платформа е чекор напред кон кружен бизнис, планиран за поставување до 2030 година.
Шведскиот гигант за мебел IKEA ја создаде платформата IKEA Preowned за препродажба на мебел, како дел од нејзината стратешка посветеност да стане целосно кружен бизнис до 2030 година. Платформата овозможува директна продажба на половни IKEA производи, како поодржлива опција во однос на сегашното отстранување на стариот мебел по депониите.
IKEA Preown во моментов е достапна во Мадрид и во Осло, а доколку тестирањето се покаже успешно, платформата ќе стане глобална. Во соопштението на компанијата се вели дека IKEA Preowned е само еден од начините на кои се работи за намалување на искористеноста на ресурсите и за премин кон кружен бизнис модел. Целта е да им се помогне на клиентите да го продолжат животниот век на производите и да се намали отпадот.
Платформата им овозможува на продавачите поставување на слики и одредување на цена на мебелот што го продаваат; вештачката интелигенција автоматски обезбедува точни димензии и дополнителни слики од IKEA каталогот; купувачите ги подигнат своите набавки директно од продавачот, со можност да платат во готово или да добијат IKEA ваучер, со дополнителни 15 проценти попуст.
IKEA Preowned ќе биде конкуренција на eBay и на Facebook Marketplace платформите за препродажба настојувајќи да го подобри искуството и на продавачите и на купувачите.
Извршниот директор на Групацијата Ingka, Jesper Brodin, вели дека поставувањето на артиклите на IKEA Preown е бесплатно, иако компанијата може да воведе мала претплата во иднина.
Лансирањето на IKEA Preowned се надоврзува на постоечката програма за откуп на користен мебел во продавницата на компанијата и се усогласува со нејзината стратегија да се префрли од големите продавници надвор од градот кон поголемо онлајн присуство./М.М.