Фондацијата Fragrance ја додели годинешната наградата за најдобар женски мирис – Fragrance of the Year – Women’s Prestige 2020 на Idôle L’Intense на Ланком
„Разгори го пламенот што е во тебе. Време е да ја прифатиш својата моќ и да инспирираш. Биди свој идол“- Тоа е пораката на Idôle L’Intense на Ланком, новиот цветен мирис создаден годинава од Шјамала Маисондие, Адријана Медина-Баез и Надеж ле Гарлантезец.
Сјајот и чистотата во овој парфем од рози, е посилна од кога било, овозможувајќи и на секоја жена да го открие својот ореол и да го отвори патот кон успех на другите, истакнуваат во Ланком.
Врвните ноти се горчлив и мандарински портокал; средните се турска роза, грас роза, египетски јасмин, јасмин самбак, јасмин и мошус, додека во основновните ноти се акасија, кашмир, пачули, ванила од Мадагаскар, кедар и сандалово дрво.
Верно на потписот на Idôle Le Parfum, Idôle L’Intense е мирис со јака и чиста нота, раскошно цветно срце завиткано во живописна и сензуална ванила. Силната и раскошна роза, со калеидоскопот од јасмин, го прават врвен парфем со впечатлива сензација на кожата.