Hublot и Nespresso го создадоа Big Bang Unico Nespresso Origin. Швајцарските легендарни брендови ги здружија силите на исклучителен проект: создавање на часовник за Big Bang заснован на рециклирање и кружност. Овој часовник е првиот што е направен со помош на рециклирани Nespresso алуминиумски капсули и талог од кафе.

Во ограниченото издание од само 200 примероци, новиот часовникот Hublot x Nespresso е уште една помалку изненадувачка соработка на двата бренда.

Глобалниот брендови се почесто наоѓаат еко-пријателски начин на соработка на различни проекти. Откако претходно работеше со кинескиот скејт бренд Do By Heart, на првиот скејтборд направен од рециклирани Nespresso капсули, Nespresso сега го создаде и првиот часовник од капсули за кафе како дел од својата серија Second Life.

Производот го поттикнува јавното мислење за Nespresso, кога е во прашање намалувањето на отпадот, а го зголемува и угледот на неговите соработници, како Hublot, за прифаќање одржливи иницијативи. /М.М.

Преставувањето на новиот часовник е на следниов линк:

 

 

You may also like

Comments are closed.