Cross-Border Commerce Europe во своето штотуку објавено четврто издание за европска е-трговија, посочи на најдобрите 500, со прекугранични перформанси, при што H&M и Zalando се меѓу првите места на листата.


Според организацијата, вкупниот онлајн прекуграничен пазар на ЕУ претставувал лани обрт од 171,2 милијарди евра, што преставува зголемување од 17 проценти, во однос на претходната година.

Cross-Border Commerce Europe продолжи да ги рангира врвните европски трговци на мало користејќи повеќе параметри, како што се онлајн прекугранична продажба во Европа, индикатори за оптимизација на пребарувачите (SEO), број на активни земји и процент на прекугранични посетители. Земени се предвид и авторитетот на брендот, бројот на јазици и на валута, како и достапност на локалната понуда.

Меѓу првите десет, четири електронски продавници продаваат облека. Така, на листата на првите десет се: Ikea – прва, исто како и лани, H&M е на второто место, а Zalando на четвртото. Германскиот моден бренд About You е на шестото, додека Zara е на осмото место.


Во однос на земјите,Германија е на првото место на годинешниот извештај, со обрт од 32 милијарди евра.
Од сите посочени платформи, а кога е во прашање достапноста, Zalando е достапен во 23 европски земји, меѓу кои не е Северна Македонија. Исто е и со другите: https://zalando.com/ https://www2.hm.com/en_us/women/new-arrivals/view-all.html,, https://www.aboutyou.com/, а само Zara https://www.zara.com/mk/en/signup е со македонска валута и со целосна достапност./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.