Како што сезоната почнува да преминува во подолги, посветли денови, острите кроеви и обемните форми во капсулната колекција H&M Studio Pre-Spring обезбедуваат добра основа за периодот. Замислете внимателно одбрани есенцијални парчиња со нагласени раменици, лелеави ткаенини и елегантни линии. Колекцијата ќе биде достапна на hm.com на 30 јануари, се вели во соопштението на брендот.
Палетата на бои е претежно црна и тегет, со еден жолт и виолетов принт на крокус – првиот пролетен цвет што го пробива снегот. Надворешна облека, фустани, горни и долни делови – целата колекција е инспирирана од сцената на пеперутка која сеуште е во кожурецот, подготвена да излезе на сцената.
Според соопштението, клучните парчиња се силни, а сепак опуштени. Долгото, скроено палто во стил на блејзер без јака е со скулптурален изглед. Кожната верзија на палтото допира до колковите и има предимензионирана силуета. Малку полесна варијанта е обемниот капут, изработен од материјал сличен на виндјакна, со висока јака. Првите цветови се појавуваат во долг, течен фустан со лелеави ракави, раб од свила и тркалезно деколте. Обложен тексас, хеланки со принт и мини здолниште со кожна обвивка додаваат акцент и можности за слоевитост.
Од брендот посочуваат дека размислувањето за тој преоден период, пред да можеме целосно да „процветаме“, ги довело до оваа игра на кроење и лелеави ткаенини. Додавањето малку цврстина со кожа и тексас, ја прави оваа капсулна колекција моќна и сигурна – подготвена за се“, вели Линда Виккел, дизајнер на колекции во H&M Studio.


More in:Вести

You may also like

Comments are closed.