По цели 15 години брендот Hermes промовира нов машки мирис наречен Хермес H24. Создаден е од парфимерот на модната куќа, Christine Nagel.
Хермес H24 е безвременски.мирис – чиста магија што плени и поради тоа, велат во Хермес, ќе стане постојана основа на каталогот на мириси на брендот. Сепак, како прв машки мирис од Хермес по цели 15 години, Х24 исто така мора да биде посебен, да биде израз на својот момент, нешто иновативно и, секако, модерно.
Инспирација за мирисот е делото на Вероник Ничаниан, уметничкиот директор на машкиот универзум на Хермес. Таму природното и технолошкото можат да се здружат за да создадат нова убавина.
Секој мирис е производ на неговото особено милје, а за Nagel тоа е спој помеѓу органското и конструираното, мирис кој меша природни, ботанички елементи со нови, научно произведени молекули на мирис, со цел да се добијат поинакви рендери и текстури. Додадената тајна молекула, за да ја смири тежината и острина, се посочува како оригинална, како нота која мирисот го прави магичен./M.M.