Hermès

Промовирајќи ја новата машка колекција на Hermès за пролетта 2022, Véronique Nichanian истакна дека се работи за нов и интересен став кон деталите, но и за колекцијата во целина.

Промоцијата е прва по последното пролетно шоу, реализирано на 22 јуни 2019 година. Модниот филм за колекцијата е дело на театарскиот режисер Cyril Teste, кој трет пат соработува со модната куќа.

Hermès

Модната ревија на која е промовирната колекцијата е снимена со публика, затоа што за дизајнерката е важно да нема филм снимен претходно со многу монтажа, туку „ да се види реален живот со вистински луѓе кои гледаат на пистата“.

Колекцијата опфаќа само 41 изглед: „Повеќе сакам да немам премногу облека, туку да ги имам вистинските“, рече Nichanian. На прв поглед се изгледаше едноставно. Но, колку повеќе гледате, толку повеќе се открива извонредното, камуфлирано во обичното.

Голем дел од моделите се реверзибилни, нудејќи двојно повеќе акценти, како ново продолжение на двојната скроена јакна, во последната сезона на Nichanian, или јакна со патент со последниот прикажан модел.

Hermès

Се работи за отворање на себе си за нов начин на гледање на нештата. Затоа што треба да имаме многу животи, мултиплицирани. И секогаш ми се допаѓа искреноста да направам нешто без големото лого. Одењето наоколу со лого на градите, на торбата или на чевелот открива површина, но никогаш длабочина. „Во Hermès, јас не работам мода, туку работам облека и ја правам на начин што се надевам дека го зголемува нашето искуство и ќе му помогне да се развива“.

Ова е колекција што потсетува на она што Antoine de Saint-Exupéry во Le Petit Prince го опиша како „многу едноставна тајна: само со срце може да се види правилно, она што е од суштинско значење е невидливо за окото“. Тоа е нов став и е интересен. /М.М.

Hermès

Hermès

Hermès

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.