Hello Kitty, еден од најпрепознатливите ликови на поп-културата, прослави пет децении постоење. Слаткото девојче од Британија, што се претставува како маче, дело е на креативниот ум на јапонската компанија Sanrio, создадено од Shintaro Tsuji, во 1974 година.
Hello Kitty, висока колку пет јаболка, живее во Лондон, со својот миленик, Charmmy Kitty. Првата изработка – чантата Petite Purse, веднаш по појавувањето станала хит кај потрошувачите.
За време на нејзината кариера, Hello Kitty успеа да ги освои срцата ширум светот, благодарение на бројните соработки со големи брендови, како Nike и adidas. Оваа приспособливост, како и способноста да се трансформира во различни производи и култури, придонесе за изградба на нејзиниот статус на глобална икона.
Во последниве години, Hello Kitty доживеа повторно оживување на популарноста, особено во западната култура, благодарение на новиот интерес за естетиката на каваи. Ken Belson, коавтор на книгата посветена на Hello Kitty, нагласува дека Tsuji сакал неговиот лик да стане одржлива икона, наместо минлива мода, нудејќи различни производи за сите возрасти.
Прославата опфаќа различни уметнички и комерцијални проекти, како и специјални едиции на производи. Hello Kitty не е само лик; таа е и симбол на своето време – на носталгијата. Способноста да преживее низ децениите ја прави трајна икона.
И по 50-от роденден, Hello Kitty останува не само симбол на носталгично секавање, туку и културен феномен кој поврзува генерации и ги инспирира обожавателите ширум светот. Прославата на оваа годишнина го одбележува не само роденденот на еден лик, туку и богатата приказна за културата и иновациите што го обликуваа глобалниот пејзаж на брендот Sanrio./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...