Модниот бренд Karen Millen за промоција на својата кампања наречена The Icons, наменета за пролет/лето 2022 година ја ангажира Helena Christensen.

©KAREN MILLEN, Photography by Zoe McConnell

Кампањата го задржува фокусот на модерните и трендовски нови дизајни на колекцијата, кои ја истражуваат модата од 90-тите, но со нов изглед, останувајќи верна на наследството на брендот. Најновата колекција од Karen Millen нуди чист дизајн, софистицирано и елегантно кроење со висококвалитетни ткаенини. https://www.karenmillen.com/womens/new-in

©KAREN MILLEN, Photography by Zoe McConnell

Стилот е толку личен и во голема мерка претставува продолжување на личноста. Тоа е начин луѓето да се изразат преку боја, форма и ткаенини. Јас носам многу мешани парчиња – тоа е продолжение на мојата личност, истакнува супермоделот Helena Christensen.

©KAREN MILLEN, Photography by Zoe McConnell

Навистина ми се допаѓа предимензионираниот блејзер, може да се носи над се, а тоа е одлична опција за пролетта или есента. Го сакам и фустанот Forever, навистина добро стои и ја истакнува формата. Женското тело е прекрасно – и е безвременско, па можеби затоа и фустанот го има тој опис: фустан засекогаш! Фустанот со корсет изгледа одлично – и со рамни сандали и со високи потпетици, убаво се надополнува со блејзерот, вели Christensen во претставувањето на рекламната кампања./М.М.

©KAREN MILLEN, Photography by Zoe McConnell

©KAREN MILLEN, Photography by Zoe McConnell

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.