Hannibal Laguna, истакната фигура на шпанската модна сцена, со Sunflourish продолжува да ја редефинира елеганцијата според сопствениот код, потврден и на годинешната модна недела на Mercedes-Benz во Мадрид.
Шпанската модна куќа Hannibal Laguna на модната недела во Мадрид (Mercedes-Benz Fashion Week Madrid) ја претстави својата најнова колекцијата за пролет/лето 2025, насловена како Sunflourish. Инспирирана од повторното раѓање на природата и на растечкиот сончев циклус, колекцијата содржи светли, колоритни дизајни кои доловуваат една идилична пролет. Класичните кроеви и цветните дизајни, ја потврдуваат и доследноста на модната куќа според која е позната и надвор од шпанските граници.


Според белешките од брендот, Sunflourish колекцијата обединува живописни бои, смели волумени и богати текстури, за да создаде уметнички спој на модата и природата. Во колекцијата доминираат неутрални тонови, нагласувајќи ја и живоста и класичниот крој.
Ултра-женствените силуети на Laguna се уште уште една потврда за репутацијата на брендот во однос на сложена изработка и нео-класичниот дизајн.


Hannibal Laguna во светот е познат како бранител на убавината и на класичната елеганција. Магијата на нивниот стил се согледува преку непогрешливите, богати, женствени и софистицирани силуети. Тоа се епитетите според кои се идентификуваат и се еден од најценетите шпански дизајнерски модни брендови.


Hannibal Laguna, основачот на истоимениот бренд е роден во Каракас, во семејство кое водело истакнат детски моден бренд во 70-тите. На 15-годишна возраст се преселил во Европа, за да студира кроење и техника на моделирање на манекени, во Милано. Модната куќа е создадена во 1987 година, a првата колекција Concorde ја има добиено наградата на Air France, за од дизајнерот Paco Rabanne да биде одбрана да ја претставува Шпанија во САД, во меѓународното шоу „Европа во САД“.


Следуваа бројни колекции и награди, како и освојување на светската модна сцена. Во моментов брендот има голема модна и деловна мрежа, како и ателје во Мадрид, каде познати личности од целиот свет доаѓаат да се облекуваат за значајни настани./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.